Како интегрален дел од секоја успешна компанија се наоѓа тимот од луѓе кои ја имаат задачата да се соочат со секојдневното пулсирање на пазарот. Нашите цели за негово освојување постојано не водат кон унапредување на начинот на кој што го водиме нашиот бизнис, а со тоа и ширење во нови насоки и кон нови предизвици.  
 
За нашата компанија да биде доволно силна да го надмине предизвикот кој стои пред нас постојано имаме потреба од проширување на нашиот тим. Бараме страстни и посветени работници кои ќе ни помогнат да ги пласираме нашите производи до крајниот потрошувач на начин кој е достоен за продажба на луксузни добра како часовници и накит. Токму Вашиот труд е она што е пресудно за успехот на MY:TIME.
 
Поради тоа Ве повикуваме да го посетите линкот подолу и да аплицирате за отвореното работно место.