MY:TIME е ланец на малопродажни салони во кои се продаваат часовници и накит од светски познати брендови.
 
Без разлика од кој дел на Македонија да ја правите Вашата нарачка, испораката секогаш ќе биде бесплатна и во рок од 24 часа!
 
Доколку имате профил во MY:TIME Club, најавете се и искористете ги попустите и поволностите онлајн.


Мисија: Ние сме компанија која потекнува од семејна традиција од 1920 година во продажба, дистрибуција и сервисирање на високо квалитетни часовници и накит, чија цел е да ги задоволат вкусовите и потребите на најпребирливите купувачи кон кои е насочена нашата посветеност.
 
Визија: Кога некој во Македонија ќе посака да купи часовник или брендирано парче накит да помисли на my:time.

Временска линија на традицијата на семејството Салџиеви од 1920 година:
  • 1920 - Стефан го изучува часовничарскиот занает
  • 1928 - го отвора првиот занаетчиски дуќан во Струмица
  • 1960 - Драган, отвора прв занаетчиски дуќан во Скопје во Стара Чаршија
  • 1990 - Стево, отвора продавница во ТЦ Мавровка
  • 1997 - продавница во ГТЦ 1-ви кат
  • 2006 - продавница во Рамстор Мол
  • 2007 - како компанија стануваме дистрибутери за Македонија на брендираните часовници: Casio, Esprit, Cerruti 1881, Festina, Skagen, Axcent, Jacques Farel Kids, Lancaster, Jet SetSolus
  • 2011 - Драган, синот на Стево, се вклучува во семејниот бизнис
  • 2011 нашата компанија станува дистрибутер за Македонија на брендираните часовници и накит Jacques Lemans
  • 2012 - продажен салон во ГТЦ на приземје
  • 2012 - стануваме дистрибутери за брендираните часовници и накит Sector no limits
  • 2012 - продажен салон во Скопје Сити Мол
  • 2012 - стануваме дистрибутери на брендираните часовници и накит Just Cavalli
  • 2013 дополнително го прошируваме нашето портфолио со брендот Miss Sixty часовници и накит

Брендовите застапени во my:time се продаваат на близу 30 продажни места низ Македонија, за повеќе информации посетете го нашиот локатор.

 

На задоволство на нашите клиенти и како постојана поддршка располагаме и со сопствен сервис во кој можете да ги најдете сите резервни делови за брендовите кои ги застапуваме, а покрај ова вршиме и сервисирање на часовници кои не се дел од нашето портфолио.

За детали погледнете во подменито сервис во рамките на заглавјето поддршка.