Сезоната на матури и дипломски официјално е тука, а сите ние имаме барем еден близок млад човек кој ќе започне ново поглавје во својот живот. Без разлика дали е тоа факултет, "реалниот свет", или можеби патување околу светот, изборот на подарок за овој човек треба да биде нешто кое ќе трае и кое ќе го потсеќа на вас.

За да ја олесниме потрагата по вистинскиот подарок, подолу ви претставуваме повеќе идеи за подароци според животниот стил. Одберете паметно.

 

Часовник за неа

 

За креативна дама со безвременски стил, подарете Fossil часовник.

За софистицирана дама со совршено чист стил, подарете Skagen часовник.

За елегантна и префинета дама, подарете Emporio Armani часовник.

 

Часовник за него

 

За секој современ деловен маж, подарете Fossil часовник.

За човек со агресивен моден стил, подарете Diesel часовник.

За човек кој ја препознава вредноста на брзината и времето, подарете Edifice часовник.

 
Накит за неа

 

За младата дама со уникатен шарм, подарете Fossil ланче со софистициран класичен дизајн.

За дама со гламурозен стил, подарете го секогаш првиот избор на секоја урбана девојка – Michael Kors голема и впечатлива алка.

За секоја самоуверена дама, подарете Just Cavalli прстен забележлив на прв поглед.

 

Накит за него

 

За урбаниот градски лик, подарете Fossil кожна алка.

За авантуристички спортски тип, подарете Sector алка од челик и кожа.  

За бунтовниот тип, подарете Police алка од нерѓосувачки челик.

 
 

Jacques Lemans е интернационален производител на часовници базиран во Австрија, а своите часовници ги произведува пред сé во Швајцарија. Милионите задоволни купувачи од целиот свет се најдобар доказ за популарноста на Jacques Lemans часовниците. Тие се спој од врвната уметност на часовничарскиот занает и високо квалитетните материјали и компоненти како што се Јапонски и Швајцарски автоматик и кварцни механизми, сафирно стакло и хируршки челик.

Освен на луксузни часовници, Jacques Lemans е дизајнер и на мноштво производи кои заповедаат огромна прецизност, како што се мерачи на стазите за трки и хронографи во авио индустријата.

Спојот на високиот квалитет и прифатливите цени го истакнуваат брендот Jacques Lemans во целиот свет. Премиум производство, апсолутна веродостојност и стилска елеганција се трите адути кои го водат овој бренд во светот на часовниците.

Наша препорака за топ часовници од овој бренд се двата модели:
 
 
                            
                                                                                      
 
                                  Jacques Lemans LA PASSION                                                 Jacques Lemans LUGANO
 
Својот модел од колекцијата на Jacques Lemans часовници може да го одберете тука. 

Edifice се луксузни часовници кои се произведуваат од страна на јапонската компанија Casio.

Спектарот на часовници од овој бренд се движи од основни хронограф модели до модели на часовници кои поседуваат компјутеризирани механизми. Многу Edifice часовници имаат функција за соларно напојување, што значи дека батериите се полнат со помош на соларната енергија. Посовремените модели се приматели на сигнали, односно функциите кај овие модели се местат автоматски со помош на радио сигнали.

Концептот на брендот

Технологиите кај часовниците стануваат сѐ понапредни, на чело со брендот Edifice. Мултифункциските и хронограф модели од овој бренд активно ги следат промените кај електронските технологии.

Edifice прави комбинација од динамички форми со перфектен дизајн, и обезбедува уникатни и оригинални искуства произведени од различностите на рацете кои ги носат овие часовници. Овие карактеристики ги носат хронограф часовниците во нови димензии и постојано се откриваат нови можности.

Дизајн на часовниците

Смели и фасцинантни форми со фини детали, во комбинација со едноставен стил кој ја истакнува важноста на металот, создаваат производи кои имаат јасно дефиниран идентитет.

Секој прототип на часовник се произведува врз основа на скица која е направена во CAD и 3D Printer. Тогаш концептот за смел дизајн го добива својот првичен изглед.

Остри и зачудувачки големи индекси се дел од бројчаникот на часовникот. Масивното моделирање со прави линии помага на секој модел поединечно да го зацврсти своето присуство.

Врвен квалитет

При изработката на часовниците се користат различни материјали со цел да можат часовниците да го понудат најдобриот квалитет. Високите технологии за обработка во комбинација со занаетчиските вештини овозможуваат на крај да се произведе часовник со врвен квалитет.

По обликувањето на нерѓосувачкиот челик, прецизноста во производството е од круцијално значење за да се добие формата со смел дизајн.

Часовниците Edifice ја препознаваат вредноста на брзината и времето и се наменети за оние кои живеат во моментот. Доколку и вие сакате да го извлечете максимумот од секој миг, тогаш посетете некој од нашите продажни салони во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Битола, Кавадарци и Струга или пак кликнете тука

Брендот Diesel континуирано се труди да создава производи со подобар квалитет, додека стилот го одржува на високо ниво. Колекцијата пролет 2017 содржи три платформи: Mr. Daddy 2.0, Rasp и Padlock, користејќи две главни приказни: Urbano и Light Leather.

Оваа колекција содржи карактеристични часовници кои делуваат многу моќно, а истовремено се и класични. Уникатните часовници на Diesel се задолжително парче во гардероберот на секој маж.

Urbano ја црпи инспирацијата од кубанските пури. Оваа колекција ги допира сите сетила и буди чувство на модерна носталгија. Карактеристичните стилови кои се однесуваат на трите платформи: Mr. Daddy 2.0, Rasp и Padlock, Urbano ги нагласува преку современите детали, како што се жолти кристали, полирани кожни ремчиња и детали кај куќиштата.

Прочитајте подетално за секоја од платформите во продолжение:

Mr.Daddy 2.0

Часовниците Diesel од платформата Mr.Daddy 2.0 го одразуваат сигурниот и наметлив карактер на брендот. Голем и силен часовник, кој не се плаши од бои се главните карактеристики кај овие модели. Овие часовници не ги следат правилата за секојдневен дизајн, туку претпочитаат да отвораат нови можности секојпат кога е тоа можно.

RASP

За прв пат достапен во форма на хронограф часовник, Rasp ги содржи омилените детали како што е префинетото и асиметрично куќиште. Овие часовници имаат зголемена вредност поради круниците кои помагаат за давање на прецизни информации и максимизирањето на стилот на оној кој носи ваков тип на часовник.

Padlock

Имајќи го своето деби во пролетната колекција за 2017 година, овие часовници се издвојуваат и поседуваат дизајн на куќиште инспириран од компас, опремени се со хронограф функции кои придонесуваат за модерна елеганција и издржливост.

Посетете некој од нашите продажни салони во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Кавадарци, Битола и Струга, или пак посетете ја нашата веб страна и уверете се зошто некој од овие Diesel часовници е вистинскиот избор за вас оваа пролет.

Основана во 1973 година, компанијата Sector No Limits има три клучни зборови кои ја опишуваат нејзината филозофија: без граници, издржливост и италијански дизајн. Компанијата остана верна на својата филозофија уште од првиот ден, што покажува и фактот дека овој бренд беше број еден во изборот на спортистите во 80-тите и 90-тите години. Спортистите ги одбираат часовниците Sector за да ги придружуваат во остварувањето на незаборавните успеси поради довербата која ја имаат во брендот.

Како резултат, Sector No Limits продолжи во своите модели да ги изразува перформансите на смелите спортисти кои имаат континуирана желба да им пркосат на сопствените граници. Денес, брендот продолжува да ги поддржува спортистите кои ги тестираат своите физички способности со цел да ги победат личните предизвици. Затоа, Sector No Limits е повеќе од обичен бренд за часовници коj ги претставува спортистите. Тоа е име кое има стекнато доверба од страна на оние кои константно се предизвикуваат себе да станат подобри индивидуи.

Популарноста на брендот е резултат на иновациите, квалитетот, беспрекорниот дизајн и вредноста. Со реинтерпретација на целиот концепт за луксуз и претворајќи го во експресија на соништата и изборот на животен стил на една личност, Sector no Limits успеа да стане бренд кој се повеќе е посакуван од страна на Европејците.

Часовниците Sector опфаќаат комплетен спектар на возбудливи и технички напредни часовници наменети за трки, авантури, акција, искачување на планини и уште многу други активности. Врвни спортисти како светскиот шампион во Moto GP, Jorge Lorenzo како и меѓународниот BMX шампион Alex Barbero се дел од тимот на Sector No Limits. Со прифаќање на слободата изразена преку страста за авантура овие часовници станаа суштински дел од активниот начин на живот.

Овие екстремни предизвици не се само дел од маркетинг плановите на компанијата. Тие постојано ги тестираат часовниците и експериментираат со материјалите, дизајнот и механизмите при изработката. Во секој случај, на крајот секако се стекнува континуирано подобрување на овие часовници од сите аспекти.

Помалку познати факти за спонзорството на Sector No Limits:

· Во септември 1997 година, експертот во нуркање Umberto Pellizzari постави нов светски рекорд во нуркање без никаква помош, достигнувајќи неверојатна длабочина во еден здив.

· Истата година, норвешкиот истражувач Børge Ousland изодел 2840 километри во рок од 64 дена за да биде првиот човек кој го поминал Антарктикот пешки.

· Во 1991 година, францускиот морепловец Gerard d’Aboville сам го препловил Тихиот Океан, од Јапонија до западниот бренд на Северна Америка.

 

Доколку сте подготвени и вие да станете јунакот на вашето време, посетете некој од нашите продажни салони во Скопје, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Битола и Куманово, или пак кликнете тука.

Доколку сакате да носите навистина специјален часовник, веројатно би се одлучиле за бренд кој има богата историја зад себе. Со DKNY часовниците, го добивате токму тоа. Во продолжение правиме краток осврт на она што треба да го знаете за овие часовници.

Раните почетоци

Donna Karan New York – DKNY е основана во 1989 година, но вистинската приказна за оваа компанија е започната многу порано. Приказната за DKNY е всушност приказна за самата Donna Karan. Растејќи на Long Island, Karan растела со родители кои имале посебен поглед кон модата. Нејзиниот татко работел како шивач, а нејзината мајка работела како продавач на облека од светски модни брендови.

Талентот на Donna се забележувал уште во нејзината рана возраст, а таа ја претставила својата прва модна колекција пред да го заврши средното училиште. Од тогаш било јасно дека ѝ претстои блескава кариера.

Пред DKNY

Пред да бидат основани компанијата и часовниците DKNY, Karan работела за Anne Klein која толку многу била импресионирала со нејзината работа, што откако Klein починала, Donna станала нејзин наследник. По извесно време раководење со модната куќа, Donna Karan во 1984 година се фокусирала на дизајн на облека и модни додатоци.

Основањето на DKNY

Откако сфатила дека има дупки во пазарот за облека и модни додатоци, Karan го лансирала брендот DKNY, во 1989 година. Нејзината цел била да создаде софистицирана линија на облека и модни додатоци која ќе се издвојува од останатите. Таа набрзо успешно ја остварила својата цел, а брендот инстантно станал популарен.

Кратко време по позиционирањето на компанијата, истата се проширила и во други сегменти, креирајќи ги дополнителни линиии на производи, како што се DKNY Jeans и DKNY Active.

По големиот успех во светот на облеката, Donna Karan го проширила асортиманот кон дизајнирани часовници. Исто како модните парчиња, за кратко време и часовниците од овој бренд станале едни од најпрепознатливите.

Часовниците DKNY

DKNY отсекогаш бил многу повеќе од бренд за часовници, но една работа е сигурна, DKNY часовниците се едни од најпопуларните во светот кои истовремено се стилски и висококвалитетни.

Часовниците на DKNY се фокусираат на софистицираност кај моделите, но споредбено со луксузните брендови за часовници, овие имаат прифатливи цени. Ова значи дека многу луѓе можат да си дозволат часовник од овој бренд и секогаш да изгледаат урбано и стилски.

Со DKNY часовниците, вие инвестирате во стил и квалитет. Овие часовници со години се познати во целиот свет по врвниот квалитет на изработка, па сега бидејќи знаете повеќе за брендот, MY:TIME ве поканува да одвоите малку време за себе и да размислите за подновување со нов часовник.

Широкиот асортиман на DKNY часовници може да го разгледате тука.

Креирајќи го својот имиџ преку производство нa моќни спортски часовници, Edifice стана еден од најпознатите брендови. Класичниот и на моменти елегантен дизајн, како и неверојатните карактеристики и перформанси ги издвојуваат овие часовници од останатите.

Часовниците на Edifice се направени со основни хронограф механизми, а моделите од последните колекции имаат и компјутеризирани перформанси. Некои од овие часовници функционираат со помош на батерии кои се напојуваат од соларна енергија, и тие може да траат до 10 години. Оправдувајќи ја мотивацијата на брендот за „брзина и интелигенција“, Edifice пред неколку години се приклучи како спонзор на тркачкиот тим на Red Bull.

Остар дизајн

Бидејќи се работи единствено за машки колекции на часовници, Edifice часовниците се дизајнирани прецизно. Дизајнот за двете кругчиња во внатрешноста од куќиштето е инспириран од тркалата на спортските коли. Дискретниот соларен панел помага при напојувањето на часовниците со енергија и со тоа овозможува непречено функционирање.

Привлечен изглед

Секој Edifice часовник има привлечен и прекрасен изглед. Моделите кои имаат куќиште и ремче изработено од нерѓосувачки челик изгледаат гламурозно, додека пак оние модели кои имаат кожни ремчиња изгледаат елегантно. Убаво прикажаните под-функции и стрелките во склоп на куќиштето причинуваат задоволство за секој. Покрај кожни ремчиња, во асортиманот на брендот Edifice има и ремчиња изработени од гума и челик.

Разновидни функции

Цел сет од различни функции се достапни кај овие часовници. Најпознати и најкорисни функции се: Bluetooth, дигитален компас, отпорност на удари, годишен календар, карта на светот и напојување со соларна енергија. Сите овие функции придонесуваат за интеграција на часовникот и го прават погоден за носење.

Bluetooth функцијата е додадена кај Edifice часовниците и овозможува тие да се поврзуваат со мобилни телефони. Со оваа функција многу лесно може да се пренесуваат податоци од мобилен телефон на часовник. Дигитален компас е едноставна функција, но високо квалитетниот компас ја олеснува насоката на движење на корисникот. Дигиталните компаси користат магнетно поле за да обезбедат точни и прецизни информации.

Батеријата која функционира со помош на соларно напојување е уште една квалитетна функција кај Edifice часовниците. Со овие квалитетни батерии, часовникот нема потреба редовно да се полни. Овие часовници имаат соларен панел кој добива енергија од дневната светлина.

Годишниот календар прикажува датум, ден и месец. Функцијата нормално го прилагодува и прикажува датумот, во зависност од тоа дали месецот има 30 или 31 ден. На овој систем му е потребно еднаш годишно да се намести точниот датум.

Со соединувањето на овие активни и модерни функционалности, Edifice часовниците остануваат едни од најпосакуваните помеѓу љубителите на часовници.

Diesel часовниците се насекаде добро познати како неодоливи модни додатоци, а доколку и вие посакувате часовник од овој бренд ќе бидете позитивно изненадени. Во продолжение правиме краток преглед на историјата на овој познат бренд за да добиете подобра слика за часовникот кој сакате да го купите.

Потекло на компанијата

Приказната за компанијата Diesel се враќа назад до 1978 година, кога компанијата била основана од страна на Renzo Rosso во Италија. Во тој период, Diesel часовниците не постоеле, а главен фокус на компанијата бил производство и дизајнирање на облека.

Во прво време, Diesel бил прилично непознат и мал бренд, гледано на глобално ниво. Од денешна перспектива тешко е да се верува дека толку мал бренд е прераснат во еден од најголемите и најпознатите модни светски брендови. Всушност, развојот на брендот на интернационално ниво започнал во раните 1990-ти. 

Маркетинг стратегија

Интернационалната маркетинг стратегија на компанијата започнала во 1991 година и може да се каже дека во истата година работите навистина започнале да се менуваат. Уште од тогаш започнала да се гради репутацијата на брендот која денес го прави светски познат.

Дури 5 години подоцна, Diesel ја отвориле својата прва продавница во градот Њујорк. Во исто време, компанијата започнала да забележува голем пораст на продажбата низ цела Америка и од тогаш брендот започнал да се шири и во другите земји ширум светот.

Фокус кон помладата популација

Diesel секогаш се фокусира на таргетирање на своите производи кон помладата публика. Ова исто така важи и за часовниците од овој бренд кои совршено се вклопуваат со модерните парчиња облека, и заедно во комбинација прикажуваат еден поинаков начин на живот.

Еден од главните „виновници“ кој е одговорен за оваа успешна стратегија е Wilbert Das, кој се придружил на компанијата во 1988 година. Тој е одговорен за сите креативни решенија, вклучувајќи ги и лиценцираните колекции на часовници.

Континуирана иновативност

Diesel се покажа како иновативен и стилски бренд, а часовниците се популарни во целиот свет поради нивниот стил и квалитет. После дводецениското докажување на пазарот како вистински иноватор, можеме да очекуваме дека компанијата ќе продолжи со создавање на нови и возбудливи часовници во годините кои доаѓаат.

Уживајте во вашиот историски часовник

Diesel часовниците се одличен моден додаток и кога ќе купите часовник од овој бренд ќе имате безвременско модно парче кое е познато низ целиот свет. Сега, кога знаете малку повеќе за историјата на овој бренд, можете да одберете часовник, со доверба и сигурност дека ќе добиете вистински добар моден додаток.

Одвојте малку време за себе и размислете за подновување со нов Diesel часовник. Тоа можете да го направите со посета на некој од нашите продажни салони во Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар, Битола и Кавадарци, или на нашата веб страна www.mytime.mk.

Sector е италијанска компанија основана во 1973 година која се занимава со изработка на часовници, а во своето производство ги комбинира италијанскиот дизајн и швајцарската експертиза. До средината на 1980-та година оваа компанија се претвори во престижно име на пазарот и сеуште е водечко име во индустријата за изработка на спортски часовници.

Sector произведува часовници за мажи со оптимистички пристап кон животот и за оние кои упорно се мотивираат да ги поминат тестовите кои ги задава секојдневието. Во главно, Sector го движи напред широкиот асортиман на спортски часовници. Благодарноста која овие часовници ја примаат е резултат на незапирливото истражување и напредување во дизајнот и квалитетот.

Советуваме никогаш да не правите грешка и да помислите дека се работи за обичен производител на часовници. Напротив, се работи за луксузен производител на спортски часовници кој веќе го има местото на врвот и преку иновативниот дизајн тоа место го задржува со години. Да се биде светски шампион во спортска категорија иницира уникатен начин за да се стигне до врвот.

Часовниците Sector се дизајнирани за луѓе кои сакаат да им пркосат на сопствените граници и никогаш не се откажуваат. Тие имаат широк спектар на неуништливи часовници со карактеристичен италијански дизајн совршен за соочување со најекстремните и секојдневните предизвици.

   

Брзината делува како уникатна и безвременска фасцинација. За луѓето кои сакаат да се тркаат, асортиманот на часовници наменет за трки нуди голем број на модели во кои се комбинирани стилот, перформансите, духот и технологијата. Часовниците поседуваат карактер кој се состои од континуирани и возбудливи емоции.

Неодоливиот повик на морето, длабоките мистерии во океанот и безграничните сфери на хоризонтите се фасцинатни елементи кои помогнале за оживување на чувствата преку Sector часовниците. Со атрактивен и спортски дизајн, овие часовници се специјално посветени на ентузијастите кон морето и неговите предизвици. Тие обезбедуваат максимална непропустливост и високо напредни функции, сите создадени со користење на висококвалитетни и уникатни материјали.

Доколку сте и вие љубител на брзината и спортот, посетете некој од нашите продажни салони во Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар, Битола и Кавадарци или пак нашата веб страна на овој линк, и одберете го вашиот совршен Sector часовник. 

Брендот Diesel е еден од најпознатите и најпопуларни модни брендови за производство на квалитетни часовници. Стилот на брендот Diesel е наменет за помладата популација и се наоѓа помеѓу ексклузивноста на брендовите од високата и уличната мода, бидејќи сите производи се со исклучително врвен квалитет, но сепак имаат прифатливи цени.

Во асортиманот на часовници наменет за мажи, Diesel нуди широк спектар на дизајни кои се енергични, модерни и уникатни. Според овие факти, изборот на Diesel часовник може да претставува голем предизвик, па поради таа причина направивме листа на најдобрите часовници кои може да ги земете предвид при наредното купување:

1.      DZ4281 CHIEF

 

 Доколку сакате да изгледате средено без вложување на голем напор, овој часовник е совршен за вас. Покрај мерење на времето, часовникот покажува датум и е хронограф. Водоотпорен е до 100 метри и поседува кварцен механизам. Сината боја во внатрешноста на куќиштето е пријатна за гледање и додава повеќе стил на изгледот. Од друга страна, кафеното ремче додава доза на топлина и маженственост во изгледот. Генерално, комбинацијата на бои создава впечатлив часовник кој е совршен за секојдневни или специјални прилики.

2.      DZ7287 THE DADDIES

 

Несомнено привлечен и уникатен, овој часовник дефинитивно го менува изгледот на секој маж. Се одликува со ремче и куќиште изработени од нерѓосувачки челик во златна боја. Има функција за двојно време и покажува датум. Овој часовник е хронограф, односно има стоперка и е водоотпорен до 100 метри. Комбинацијата од сите овие карактеристики креира софистициран и луксузен часовник и со тоа претставува стилски и модерен моден додаток. DZ7287 е извонреден часовник кој треба да го додадете во вашата колекција.

3.      DZ4180 CHIEF

 

Овој часовник може да биде главната спојувалка во вашиот гардеробер. Црната боја прави овој часовник лесно да се комбинира со било каква облека. Различните детали го прават часовникот соодветен за секојдневни или специјални прилики. Изработен е од нерѓосувачки челик, има водоотпорност до 100 метри, покрај време покажува и датум и има стоперка. Доколку сакате часовник кој е едноставен, но сепак го дефинира стилот, топло го препорачуваме овој часовник.     

Посетете некој од нашите продажни салони во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Битола и Кавдарци, или пак нашата веб страна www.mytime.mk и одберете го вашиот Diesel часовник.