УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ НА ЧАСОВНИЦИ

  • Избегнувајте контакт на часовникот со хемиски средства како што се: парфем, креми за раце или средства за чистење. Исто така, и агресивната пот може да влијае врз сјајот и трајноста на куќиштето и ремчето.
  • Одржувајте го часовникот постојано чист: со сува мека крпа отстранете ја нечистотијата, без хемиски средства или сапун.
  • Избегнувајте магнети. Електричното поле и статичкиот електрицитет влијаат на механизмот на часовникот. На пример, никогаш не го оставајте часовникот до или врз звучник.
  • Избегнувајте екстремни шокови и удари. Чаосвникот е конструиран да издржи удари при нормална употреба. (Не важи за G-Shock)
  • Кога не го користите часовникот, чувајте го на суво место. Часовникот на соларно полнење, чувајте го на место со природна светлина или ламба, но не на директно сонце и никако во кутија или фиока.
  • Фабрички вградената батерија може да има покус рок на траење од специфицираниот. Замена вршете само во овластениот сервис.
  • Проверувајте во која состојба се ремчето и шнолата, за да избегнете паѓање на часовникот или механичко оштетување.
  • Избегнете изложување на часовникот на директно сонце и екстремно топли или студени места. Со тоа се нарушува водоотпорноста и доведува до избледување на бојата на часовникот. На пример, никогаш не го оставајте часовникот во автомобил.
  • Водата е најчестиот виновник за расипување на часовниците! Проверете ја водоотпорноста пред да го употребите часовникот. Круната на часовникот не смее да биде извлечена. Вратете ја на место. Не ги користете копчињата или круната додека часовникот е изложен на влага! Влагата може да предизвика трајни оштетувања.
  • Часовникот во кој е навлезена вода треба да го доставите во овластениот сервис на MY:TIME. Никогаш не се обидувајте сами да го отварате куќиштето на часовникот!

 

Ознаката за водоотпорност се однесува на притисокот додека водата и часовникот се во апсолутно мирување. Движењата на раката низ вода драстично го зголемуваат притисокот врз часовникот.

 

Карактеристики на ознаките на куќиштата:

  • WR = WR = Избегнувајте секаков допир со вода, дожд, итн. 
  • 3 BAR = 3 ATM = Дозволено случајно прскање со капки вода, но не и потопување во вода.
  • 5 BAR = 5ATM = Дозволено миење раце, дожд, влага, но не и потопување во вода
  • 10 BAR = 10 ATM = Дозволено миење раце, дожд, влага и потопување во вода
  • 20 BAR = 20 ATM = Погоден за рекреативно нуркање (нуркање на здив)
  • 30 BAR = 30 ATM = Погоден за длабоко, професионално нуркање (scuba diving – нуркање со боци)

Водата е најчестиот виновник за расипување на часовниците! Внимавајте на ознаката на часовникот која е изразена во АТМ. Таа ознака се однесува на длабочина – односно, притисокот при кој водата и часовникот се во апсолутно мирување. Такви услови можат да се постигнат само во лабораторија. Во пракса, движењата на раката низ вода драстично го зголемуваат притисокот врз часовникот и според тоа тој нема да издржи потопување на длабочина која е во метри означена на часовникот.

ВНИМАНИЕ: Иако часовникот е изработен од висококвалитетен материјал, во ретки случаи кај некој од хиперсензитивните корисници може да се појави реакција на кожата. Затоа, секој корисник на часовникот сам ја носи одговорноста за алергиските реакции кои би можеле да се појават, познавајќи ја сопствената здравствена состојба.

Ниту една од дадените информации нема за цел да биде медицински совет.

 

ВОДИЧ ЗА УПОТРЕБА НА ЧАСОВНИЦИ