Blog

Упатство за одржување и употреба на часовници

01.06.2021.

 

Водата е најчестиот виновник за расипување на часовниците!

При употреба внимавајте на ознаката на часовникот која е изразена во АТМ. Таа ознака се однесува на длабочина – односно, притисок при кој водата и часовникот се во апсолутно мирување. Таквите услови можат да се постигнат само во лабораторија. Во пракса, движењата на раката низ вода драстично го зголемуваат притисокот врз часовникот и според тоа тој нема да издржи потопување на длабочината која е во метри означена на часовникот.

Проверете ја водоотпорноста пред да го употребите часовникот. Запомнете дека круната на часовникот не смее да биде извлечена. Ако е извлечена вратете ја на место и не ги користете копчињата или круната додека часовникот е изложен на влага! Влагата може да предизвика трајни оштетувања. Часовникот во кој е навлезена вода треба да го доставите во овластениот сервис на MY:TIME. Никогаш не обидувајте се сами да го отворате куќиштето на часовникот!
 

Карактеристики на ознаките на куќиштата:

  • WR = WR = Избегнувајте секаков допир со вода, дожд, итн. 
  • 3 BAR = 3 ATM = Дозволено случајно прскање со капки вода, но не и потопување во вода.
  • 5 BAR = 5ATM = Дозволено миење раце, дожд, влага, но не и потопување во вода
  • 10 BAR = 10 ATM = Дозволено миење раце, дожд, влага и потопување во вода
  • 20 BAR = 20 ATM = Погоден за рекреативно нуркање (нуркање на здив)
  • 30 BAR = 30 ATM = Погоден за длабоко, професионално нуркање (scuba diving – нуркање со боци)

 

Подолу може да прочитате уште неколку совети за одржување и употреба на вашиот часовник:

- Избегнувајте контакт на часовникот со хемиски средства како што се: парфем, креми за раце или средства за чистење. Исто така, и агресивната пот може да влијае врз сјајот и трајноста на куќиштето и ремчето.

- Одржувајте го часовникот постојано чист: со сува мека крпа отстранете ја нечистотијата, без хемиски средства или сапун.

- Избегнувајте магнети. Електричното поле и статичкиот електрицитет влијаат на механизмот на часовникот. На пример, никогаш не го оставајте часовникот до или врз звучник.

- Избегнувајте екстремни шокови и удари. Часовникот е конструиран да издржи удари при нормална употреба. (Не важи за G-Shock)

- Кога не го користите часовникот, чувајте го на суво место. Часовникот на соларно полнење, чувајте го на место со природна светлина или ламба, но не на директно сонце и никако во кутија или фиока.

- Фабрички вградената батерија може да има покус рок на траење од специфицираниот. Замена вршете само во овластениот сервис.

- Проверете во која состојба се ремчето и шнолата, за да избегнете негово паѓање и механичко оштетување.

- Избегнете изложување на часовникот на директно сонце и екстремно топли или студени места. Со тоа се нарушува водоотпорноста и доведува до избледување на бојата на часовникот.  

 

Остави коментар

Trenutno nema komentara

Слични статии

19.
Sep.
2024.
Blog
G-SHOCK ANNOUNCES CENTRAL CEE AS THE BRAND’S NEW EUROPEAN AMBASSADOR
12.
Feb.
2024.
Blog
WE CELEBRATE THIS VALENTINE WITH STYLE