G-SHOCK Rangeman доаѓа од G-SHOCK Master of G серијата дизајнирана да издржи секакви интеракции во најсурови услови. Во неверојатно цврстото куќиште, отпорно на удари, прашина, кал, вода и ниски температури, спакувани се функции кои го прават првиот G-SHOCK способен за GPS навигација.
Вистински отпорна ѕверка опремена со GPS, подготвена за сите твои авантуристички подвизи.
Rangeman е опремен со двоен систем за полнење на батерија, соларно и безжично полнење. GPS-от може да се користи 33 часа непрекинато, со 5 часа безжично полнење. Кога батеријата ќе достигне ниво каде GPS функциите веќе не се достапни, тогаш батеријата може да се наполни со соларното полнење, односно часовникот да се постави под интензивна светлина за соларно полнење.
За овој часовник е изработена и специјална мобилна апликација G-SHOCK Connected, која преку Bluetooth® ги поврзува G-SHOCK Rangeman и вашиот смартфон. Апликацијата ги проширува GPS функционалностите, дозволувајќи да се креираат рути, приказ на рутите на 3D мапа и многу повеќе.
Резултатот е тотално нов тип на G-SHOCK со до сега најнапредни функции, конструиран со препознатливата цврстина и отпорност на G-SHOCK.