По направена online нарачка на www.mytime.mk, во најкраток можен рок, нашиот оператор телефонски ја потврдува твојата нарачката.
Вообичаено, рокот за контактирање од страна на нашиот оператор изнесува два до три работни дена.
Работно време на нашиот оператор е од 9 до 17 часот во текот на работната недела.
Од моментот на телефонската потврда на податоците, утврдениот рок на испорака е меѓу 3 и 5 работни денови (понеделни - петок).
Доставата на пратка ја прави курирска служба до адресата која сте ја навеле при online нарачката. (Повеќе за достава на пратката прочитај тука)
БЕЗБЕДНА ДОСТАВА
Ова се напорите кои ги вложуваме пратката да е што побезбедна при нејзина подготовка:
- Личноста која го подготвува онлајн нарачаниот производ, при самото доаѓање на работното место од себе ги отстранува парчињата облека кои биле изложени надвор, по што темелно ги мие и редовно ги дезинфицира своите раце.
- При подготовка, нарачаниот производ заедно со соодветните документи (фактура, упатство за употреба и гаранција за часовници) се ракува со ракавици од страна на задолжената личност.
- Производот и документите се поставуваат во MY:TIME хартиена кеса, која се затвора со посебни лепенки кои обезбедуваат дека производот во текот на неговото патување нема да биде отворан или допиран.
- Откако пратката е комплетно подготвена од наша страна, истата се предава на куририте од службата за достава. При целосната процедура задолжените личности носат маска на лицето и ракавици на рацете.
- Откако пратката е подигната од службата за достава, пратката, односно продуктот со документите во MY:TIME хартиената кеса, е ракувана од куририте од службата за достава.
- Од оваа точка натаму, гаранцијата за безбедноста на пратката се лепенките со кои е затворена MY:TIME хартиената кеса.
*Доколку производот пристигне со скинати лепенки, те молиме во присуство на курирот за достава јави се во нашиот Контакт Центар на +389 70 914000.
СОВЕТИ
Те охрабруваме да ги проследиш овие совети за заштита откако ќе ја добиеш пратката:
- Дезинфицирај ја MY:TIME хартиената кеса однадвор со антибактериско влажно марамче или друго средство за дезинфекција
- Истата постапка примени ја за кутијата од производот во MY:TIME хартиената кеса како дополнителна мерка за заштита
*Ова не важи за самиот часовник или накит, кој при контакт со средство за дезинфекција би се оштетил - За крај задолжително измиј или дезинфицирај ги рацете
Убавината на животот лежи во вниманието кое го одвојуваме за нашите најблиски и моментите кои ги делиме со нив.
Затоа, нашата онлајн продавница работи со полна пареа. Тука сме да ги поткрепиме оние #МоментиЗаНас кои заслужуваат да бидат запомнети.
Избери подарок за себе или за онаа личност на која и е потребно внимание на www.mytime.mk и купи со бесплатна и безбедна достава до која адреса и да сакаш.