Доколку сакате да носите навистина специјален часовник, веројатно би се одлучиле за бренд кој има богата историја зад себе. Со DKNY часовниците, го добивате токму тоа. Во продолжение правиме краток осврт на она што треба да го знаете за овие часовници.
Раните почетоци
Donna Karan New York – DKNY е основана во 1989 година, но вистинската приказна за оваа компанија е започната многу порано. Приказната за DKNY е всушност приказна за самата Donna Karan. Растејќи на Long Island, Karan растела со родители кои имале посебен поглед кон модата. Нејзиниот татко работел како шивач, а нејзината мајка работела како продавач на облека од светски модни брендови. Талентот на Donna се забележувал уште во нејзината рана возраст, а таа ја претставила својата прва модна колекција пред да го заврши средното училиште. Од тогаш било јасно дека ѝ претстои блескава кариера.
Пред DKNY
Пред да бидат основани компанијата и часовниците DKNY, Karan работела за Anne Klein која толку многу била импресионирала со нејзината работа, што откако Klein починала, Donna станала нејзин наследник. По извесно време раководење со модната куќа, Donna Karan во 1984 година се фокусирала на дизајн на облека и модни додатоци.
Основањето на DKNY
Откако сфатила дека има дупки во пазарот за облека и модни додатоци, Karan го лансирала брендот DKNY, во 1989 година. Нејзината цел била да создаде софистицирана линија на облека и модни додатоци која ќе се издвојува од останатите. Таа набрзо успешно ја остварила својата цел, а брендот инстантно станал популарен. Кратко време по позиционирањето на компанијата, истата се проширила и во други сегменти, креирајќи ги дополнителни линиии на производи, како што се DKNY Jeans и DKNY Active.
По големиот успех во светот на облеката, Donna Karan го проширила асортиманот кон дизајнирани часовници. Исто како модните парчиња, за кратко време и часовниците од овој бренд станале едни од најпрепознатливите.
Часовниците DKNY
DKNY отсекогаш бил многу повеќе од бренд за часовници, но една работа е сигурна, DKNY часовниците се едни од најпопуларните во светот кои истовремено се стилски и висококвалитетни. Часовниците на DKNY се фокусираат на софистицираност кај моделите, но споредбено со луксузните брендови за часовници, овие имаат прифатливи цени. Ова значи дека многу луѓе можат да си дозволат часовник од овој бренд и секогаш да изгледаат урбано и стилски. Со DKNY часовниците, вие инвестирате во стил и квалитет. Овие часовници со години се познати во целиот свет по врвниот квалитет на изработка, па сега бидејќи знаете повеќе за брендот, MY:TIME ве поканува да одвоите малку време за себе и да размислите за подновување со нов часовник. Широкиот асортиман на DKNY часовници може да го разгледате тука.