Забава на зајдисонце на почеток на лето, клубска атмосфера, casual-elegant пригоди... Александра и Борјана, заедно со Jacques Lemans, дефинитивно нѐ вратија во поубави времиња и во онаа нормална нормала, која сите ја посакуваме.
Александра: „Black & hello“ е третата фотосесија од серијалот #МоментиЗаНас, каде главниот фокус е ставен на часовникот Jacques Lemans. Она што ми се допаѓа најмногу кај часовникот е неговиот минималистички дизајн и црна боја, која суптилно ги рефлектира боите од околината.
Борјана: Мене најмногу ми се допаѓа монохроматската префинетост и квалитетната и детална изработка.
Александра: Самите карактеристики му овозможуваат на часoвникот лесно да се вклопи во различни комбинации на облека и пригоди, без разлика дали се работи за секојдневни активности или некој поформален настан.
Борјана: Сметам дека часовникот сам по себе е елегантен, но истовремено и лесно прилагодлив за повеќе различни стилови, токму поради еднобојноста. Би го носела на состанок, на журка, на факултет, на настан и, всушност, во сите годишни времиња во casual-elegant пригоди.
Александра: Дефинитвно е одличен избор за навечер во клуб, комбиниран со slip свилен фустан, додека „Soul Control“ оди во позадина.
Борјана: Прва слика што ми дојде, како ситуација и/или mood, асоцирана од часовникот е: забава на зајдисонце на почеток на лето, каде покрај црниот Jacques Lemans часовник носам контрастен, средно долг, светол фустан и црни cowboy boots. И, да не заборавам, многу светки.