Основана во 1973 година, компанијата Sector No Limits има три клучни зборови кои ја опишуваат нејзината филозофија: без граници, издржливост и италијански дизајн. Компанијата остана верна на својата филозофија уште од првиот ден, што покажува и фактот дека овој бренд беше број еден во изборот на спортистите во 80-тите и 90-тите години. Спортистите ги одбираат часовниците Sector за да ги придружуваат во остварувањето на незаборавните успеси поради довербата која ја имаат во брендот.
Како резултат, Sector No Limits продолжи во своите модели да ги изразува перформансите на смелите спортисти кои имаат континуирана желба да им пркосат на сопствените граници. Денес, брендот продолжува да ги поддржува спортистите кои ги тестираат своите физички способности со цел да ги победат личните предизвици. Затоа, Sector No Limits е повеќе од обичен бренд за часовници коj ги претставува спортистите. Тоа е име кое има стекнато доверба од страна на оние кои константно се предизвикуваат себе да станат подобри индивидуи.
Популарноста на брендот е резултат на иновациите, квалитетот, беспрекорниот дизајн и вредноста. Со реинтерпретација на целиот концепт за луксуз и претворајќи го во експресија на соништата и изборот на животен стил на една личност, Sector no Limits успеа да стане бренд кој се повеќе е посакуван од страна на Европејците.
Часовниците Sector опфаќаат комплетен спектар на возбудливи и технички напредни часовници наменети за трки, авантури, акција, искачување на планини и уште многу други активности. Врвни спортисти како светскиот шампион во Moto GP, Jorge Lorenzo како и меѓународниот BMX шампион Alex Barbero се дел од тимот на Sector No Limits. Со прифаќање на слободата изразена преку страста за авантура овие часовници станаа суштински дел од активниот начин на живот.
Овие екстремни предизвици не се само дел од маркетинг плановите на компанијата. Тие постојано ги тестираат часовниците и експериментираат со материјалите, дизајнот и механизмите при изработката. Во секој случај, на крајот секако се стекнува континуирано подобрување на овие часовници од сите аспекти.
Помалку познати факти за спонзорството на Sector No Limits:
· Во септември 1997 година, експертот во нуркање Umberto Pellizzari постави нов светски рекорд во нуркање без никаква помош, достигнувајќи неверојатна длабочина во еден здив.
· Истата година, норвешкиот истражувач Børge Ousland изодел 2840 километри во рок од 64 дена за да биде првиот човек кој го поминал Антарктикот пешки.
· Во 1991 година, францускиот морепловец Gerard d’Aboville сам го препловил Тихиот Океан, од Јапонија до западниот бренд на Северна Америка.
Доколку сте подготвени и вие да станете јунакот на вашето време, посетете некој од нашите продажни салони во Скопје, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Битола и Куманово, или пак кликнете тука.