Со радост ја претставуваме нашата ексклузивна кампања за вљубените која не само што ја опфаќа сезоната на љубовта, туку и ја слави убавината на различностите преку неверојатна низа на форми, бои и големини.
Под слоганот „WATCHES AND JEWELRY FOR EVERYONE” („ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ ЗА СЕКОГО“), оваа кампања е доказ за заложувањето и љубовта на MY:TIME кон инклузивноста и самоизразувањето. Трите видеа кои ја сочинуваат кампањата ја прикажуваат посветеноста и грижата на компанијата за секој вкус и стил, засилувајќи ја идејата дека вистинската убавина се наоѓа во уникатните карактеристики на секој поединец.
Видео 1: „WE LOVE EVERY SHAPE“ („ЈА САКАМЕ СЕКОЈА ФОРМА“)
Првото видео од кампањата ја слави различноста на облиците на телото, испраќајќи моќна порака дека часовниците и накитот во палетата на MY:TIME се внимателно избрани да ја надополнат секоја уникатна форма.
Видео 2: „WE LOVE EVERY COLOUR“ („ЈА САКАМЕ СЕКОЈА БОЈА“)
Второто видео ја акцентира свесноста за богатиот спектар на вкусови и посветеноста да се опфати секоја негова нијанса. Без разлика дали ја претпочитате класичната елеганција на среброто или смелоста на златото или забавата која ја носат впечатливите бои, плетата на производите во MY:TIME ја одразува богатата таписерија на бои, што го прават секое парче личен и уникатен израз на стил.
Видео 3: „WE LOVE EVERY SIZE“ („ЈА САКАМЕ СЕКОЈА ГОЛЕМИНА“)
Третото видео ѝ оддава почит на различноста во големината, рефлектирајќи ја пораката дека часовниците и накитот во MY:TIME се специјално селектирани да одговараат на секого. Од елегантни аксесоари до похрабри парчиња, MY:TIME во својот асортиман нуди за секого по нешто, осигурувајќи се дека секој поединец може да најде квалитетни парчиња кои совршено ќе се вклопат во неговиот/нејзиниот изглед.
„Како компанија која верува дека различноста е она што го прави животот поубав, позабавен и побогат, одлучивме оваа година кампањата за Валентајн да биде еден вид на прослава на нашите постоечки клиенти и покана до потенцијалните клиенти да истражат свет каде што нивните уникатни вкусови и преференци не само што се прифаќаат, туку и се слават.“ .
Пораката на кампањата е многу подлабока од само презентација на разноврсната палета на часовници и парчиња накит кои можете да ги најдете во MY:TIME; се работи за самоизразување, славење на индивидуалноста и почитување на убавината што лежи во нашите разлики.
Овој Валентајн, придружете ни се во ширењето на пораката за љубов и прифаќање.