Casio Europe GmbH по повод 50-годишнината на Casio Watches го рекреира Casiotron QW02 - првата линија на дигитални часовници со автоматски календар во светот. Новиот TRN-50 е достапен во ограничени количини - само 4.000 часовници се достапни ширум светот, а 1 го најде своето место токму на нашиот пазар, ексклузивно само во MY:TIME.
Во 1974 година Casio го создава првиот Casiotron часовник, пробивајќи се со дигитален рачен часовник кој го користи максимумот од оригиналните дигитални технологии на Casio, оживувајќи го концептот на целосно автоматски рачен часовник. Casiotron е првиот часовник кој не само што го прикажува времето, туку и точниот месец, датум и ден во неделата. Casiotron важи за вистински пионер кој надминува сѐ што во тоа време се очекува од еден дигитален рачен часовник – автоматско прилагодување за подолги и пократки месеци, отстранувајќи ја маката за мануелна корекција на календарот секој месец.
Новиот TRN-50 останува верен на Casiotron концептот за целосно автоматски рачен часовник, потпирајќи се на сите достигнувања при развојот на Casio часовниците во текот на половина век од излегувањето на оригиналниот модел. Новиот TRN-50 беспорекорно го спојува минатото со развиените технологии на модерното време – однадвор рекреирајќи го оригиналниот Casiotron дизајн, новиот часовник во внатрешноста вклучува најсовремени функции меѓу кои: атомско сметање (MULTI BAND 6), Tough Solar систем за полнење, Bluetooth 4.0, SMART ACCESS TECHNOLOGY, меморија на дневник на летови...