Blog

10 правила за да го одржиш твојот часовник во топ форма

25.10.2017.

Часовникот не го покажува само времето. Често, тоа е предмет за кој сентиментално се поврзуваш. Бидејќи, твојот часовник содржи високо прецизни електронски и механички компоненти, мора да внимаваш на него за да обезбедиш негово долгорочно користење. Не е воопшто тешко да го одржуваш во топ форма, ако ги следиш овие 10 правила:

 

1. Одржувај го часовникот постојано чист. Земи сува мека крпа и отстрани ја насобраната нечистотија, без употреба на хемиски средства или сапун, кои би можеле да го оштетат. За чистење на метални, пластични или гумени ремчиња, може да користиш благ сапун и влажна мека крпа. Избегнувај топење во вода на часовниците со кожни ремчиња. Кожните ремчиња треба секогаш да се суви и нивното чистење е со сува мека крпа.

 

2. Избегнувај контакт со хемиски средства, како што се парфем, креми за раце или средства за чистење. Овие хемиски средства можат сериозно да го оштетат површинскиот слој на твојот часовник. Агресивната пот исто така може да влијае врз сјајот и трајноста на куќиштето и ремчето, бидејќи по сушењето се собираат електролитите од потта.

 

3. Никогаш немој да ги користиш копчињата или круната додека часовникот е изложен на влага. Така во куќиштето ќе навлезе вода без разлика на неговата водоотпорност. Ако во куќиштето навлезе вода или се појави кондензација, часовникот веднаш однеси го во овластениот сервис. Влагата во допир со механизмот може да предизвика корозија и трајни оштетувања.  

 

4. Проверувај во која состојба се наоѓаат ремчето и шнолата на твојот часовник, за да избегнеш негово паѓање и механичко оштетување. Во случај на изабеност и попуштање на шнолата или истрошеното ремче (како последица на постојано користење), веднаш однеси го на овластен сервис и распрашај се за замена на истрошените делови. Редовниот сервис и замената на потрошните делови во овластените сервиси (батерија, ремче), ќе обезбедат долготрајна беспрекорна работа на твојот часовник.

 

5. Не го изложувај часовникот на директно сонце, екстремно топли или студени места. При екстремни температури металот се шири и собира и со тоа се нарушува водоотпорноста на часовникот. Исто така, долго изложување на сонце може да доведе до избледување на бојата на часовникот.

 

6. Избегнувај магнети. Изворите на силно електрично поле и статички електрицитет можат да го оштетат механизмот на часовникот. Твојот часовник е заштитен од извори на умерено електромагнетно зрачење, како што се: апаратите во домаќинството, телевизорот или Wi-Fi опремата, но никогаш не го оставај до или врз звучник.

 

7. Не е препорачливо својата радозналост да ја задоволуваш така што сам ќе го отвораш часовникот, бидејќи така во него ќе влезе влага и прашина, а може да се случи да се скрши некој важен дел. Имај во предвид дека, ако часовникот е отворан од неовластено лице, гаранцијата престанува да важи!

 

8. Избегнувај екстремни шокови и удари на часовникот. Часовникот е конструиран да издржи удари при нормална употреба. Освен G-Shock, тие часовници се најиздржливи и отпорни на удари.

 

9. Ако имаш часовник на соларно полнење, секогаш чувај го на место со природна светлина, но не на директно сонце. Чувај го на полица покрај прозор, а никако во кутија или фиока. Часовникот треба секојдневно да се полни од сончевата светлина.

 

10. При купување на нов часовник (освен кај оние со соларно напојување), батеријата која доаѓа со часовникот е контолна- фабрички вградена во процесот на производство и нејзиниот век на траење може да биде покус отколку што е наведено во спецификацијата. Доколку батеријата се истроши, погрижи се да ја замениш што побргу. Не оставај стара или истрошена батерија во часовникот, може да направи штета.

Остави коментар

Trenutno nema komentara

Слични статии

19.
Sep.
2024.
Blog
G-SHOCK ANNOUNCES CENTRAL CEE AS THE BRAND’S NEW EUROPEAN AMBASSADOR
12.
Feb.
2024.
Blog
WE CELEBRATE THIS VALENTINE WITH STYLE