Blog

Историјата на Diesel часовниците

08.02.2017.

Diesel часовниците се насекаде добро познати како неодоливи модни додатоци, а доколку и вие посакувате часовник од овој бренд ќе бидете позитивно изненадени. Во продолжение правиме краток преглед на историјата на овој познат бренд за да добиете подобра слика за часовникот кој сакате да го купите.

Потекло на компанијата

Приказната за компанијата Diesel се враќа назад до 1978 година, кога компанијата била основана од страна на Renzo Rosso во Италија. Во тој период, Diesel часовниците не постоеле, а главен фокус на компанијата бил производство и дизајнирање на облека.

Во прво време, Diesel бил прилично непознат и мал бренд, гледано на глобално ниво. Од денешна перспектива тешко е да се верува дека толку мал бренд е прераснат во еден од најголемите и најпознатите модни светски брендови. Всушност, развојот на брендот на интернационално ниво започнал во раните 1990-ти. 

Маркетинг стратегија

Интернационалната маркетинг стратегија на компанијата започнала во 1991 година и може да се каже дека во истата година работите навистина започнале да се менуваат. Уште од тогаш започнала да се гради репутацијата на брендот која денес го прави светски познат.

Дури 5 години подоцна, Diesel ја отвориле својата прва продавница во градот Њујорк. Во исто време, компанијата започнала да забележува голем пораст на продажбата низ цела Америка и од тогаш брендот започнал да се шири и во другите земји ширум светот.

Фокус кон помладата популација

Diesel секогаш се фокусира на таргетирање на своите производи кон помладата публика. Ова исто така важи и за часовниците од овој бренд кои совршено се вклопуваат со модерните парчиња облека, и заедно во комбинација прикажуваат еден поинаков начин на живот.

Еден од главните „виновници“ кој е одговорен за оваа успешна стратегија е Wilbert Das, кој се придружил на компанијата во 1988 година. Тој е одговорен за сите креативни решенија, вклучувајќи ги и лиценцираните колекции на часовници.

Континуирана иновативност

Diesel се покажа како иновативен и стилски бренд, а часовниците се популарни во целиот свет поради нивниот стил и квалитет. После дводецениското докажување на пазарот како вистински иноватор, можеме да очекуваме дека компанијата ќе продолжи со создавање на нови и возбудливи часовници во годините кои доаѓаат.

Уживајте во вашиот историски часовник

Diesel часовниците се одличен моден додаток и кога ќе купите часовник од овој бренд ќе имате безвременско модно парче кое е познато низ целиот свет. Сега, кога знаете малку повеќе за историјата на овој бренд, можете да одберете часовник, со доверба и сигурност дека ќе добиете вистински добар моден додаток.

Одвојте малку време за себе и размислете за подновување со нов Diesel часовник. Тоа можете да го направите со посета на некој од нашите продажни салони во Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар, Битола и Кавадарци, или на нашата веб страна www.mytime.mk.

Остави коментар

Trenutno nema komentara

Слични статии

19.
Sep.
2024.
Blog
G-SHOCK ANNOUNCES CENTRAL CEE AS THE BRAND’S NEW EUROPEAN AMBASSADOR
12.
Feb.
2024.
Blog
WE CELEBRATE THIS VALENTINE WITH STYLE