Blog

ZEPPELIN – одличен квалитет, достапни цени

09.07.2018.

Часовниците ZEPPELIN отсликуваат целосна рамнотежа помеѓу квалитет, префинет изглед и достапни цени. Се произведуваат во Германија од страна на врвни мајстори под мотото најдобар квалитет за најниска можна цена. ZEPPELIN е дел од мала и ексклузивна група на производители на часовници кои користат механизам NE88 произведен од јапонските специјалисти SII во Seiko. Часовниците ZEPPELIN со своите перформанси се вредни како часовници со дупло поголема цена. Типот на преносен запчаник кој е специфичен и вграден само во врвни хронограф часовници како што се оние на Zenith, Tag Heuer и слични, исто така е дел и од механизмот на ZEPPELIN хронограф часовниците. Со тоа, ZEPPELIN е еден од малкуте производители кои можат да понудат таква врвна карактеристика и перформанси на часовници кои се наоѓаат во средната ценовна рамка.

Дизајнот и функциите на часовниците од овој бренд влечат инспирација од легендарниот цепелин LZ126, поради фактот што истата фабрика во Германија која ги произведува овие часовници, во далечната 1924 година го има произведено и првиот цепелин LZ126 за долги преку океански релации. Легендарниот цепелин LZ126 бил долг 200 метри, во тоа време најголемото летало кое удобно го сместувало својот 30 член екипаж и 30 патници. На 15 Октомври 1924 година цепелинот LZ126 успешно го завршил летот долг 8.050 километри во времетраење од 81 час.

По повод 100 годишнината од своето постоење, веќе големиот опсег на ZEPPELIN хронограф часовници е дополнет со уште eдна колекција со име 100 YEARS ZEPPELIN, часовници кои се успешна симбиоза од технички перформанси и елегантен стил. Тоа се модели кои прилегаат на секојдневниот стил на еден маж, но во исто време се еднакво добра придружба на неговата рака за свечена пригода или пак вечер помината на филхармонија.

 

Часовниците од брендот ZEPPELIN отсега се достапни и во продажните салони на MY:TIME.

 

Остави коментар

Слични статии

19.
Sep.
2024.
Blog
G-SHOCK ANNOUNCES CENTRAL CEE AS THE BRAND’S NEW EUROPEAN AMBASSADOR
12.
Feb.
2024.
Blog
WE CELEBRATE THIS VALENTINE WITH STYLE