Од лансирањето на својот бренд во 1985 до денес, Томи Хилфигер стана глобален пионер на класичниот „кул“ Американски стил. Инспириран од популарната култура и Американското наследство, Томи и неговиот бренд во јадрото на своите вредности се мотивирани од оптимизам за животот кршејќи ги шаблоните и конформизмот, славејќи ја желбата за истакнување на индивидуалноста на секоја личост.
Од своето основање, брендот Tommy Hilfiger e изграден врз моќна филозофија на дизајн, додавање свежи, нови перспективи на традиционалните американски стилови. Овој пристап се покажа како убедлив и за помалку од две децении, компанијата се зголеми во глобален бизнис кој опфаќа широк спектар на производи. Од машка и женска облека, до лиценцирање договори во обувки, парфеми, часовници и многу повеќе.
Денес Tommy Hilfiger е модна икона.
Инспириран од неговиот татко кој работел 42 години како часовничар, Tommy Hilfiger во 1985 започнал да ја дизајнира својата колекција на рачни часовници. Ставајќи ги неговите извонредни таленти и непогрешливи модни инстинкти на тест, Tommy Hilfiger зачекори и во улогата на дизајнер на часовници.
Tommy Hilfiger часовници и накит сега се дел од нашето семејство на брендови и се достапни во нашите продажни салони. Погледнете ја забавата на која се дружевме заедно со прекрасни гости за да заедно му посакаме добредојде на брендот.