Мултиралентираната 22 годишна пејачка, глумица и танчерка - Zendaya во листата на последни достигнувања ја додаде и титулата “моден дизајнер”, која произлезе од колаборацијата со американскиот премиум бренд Tommy Hilfiger.
Нејзината визија околу колекцијата Tommy Hilfiger X Zendaya е заснована на важноста на сите револуционерни жени во светот на модата, кои ја отвориле вратата на можности за девојки како неа. Ова интервју се состои од неколку интересни работи поврзани со љубовта на Zendaya кон 70те, како таа се справува со славата и нејзините опсесии.
Zendaya! Какво е чувството да се работи со Tommy Hilfiger?
Одлично! Имав среќа сите соништа да ми бидат исполнети. Работев со голем тим на луѓе кои беа посветени и постигнаа буквално се. Сите работи кои ги посакав или побарав од нив, ги добив. Луѓето се неверојатни и нивната енергија е посебна. Се гордеам со секој човек со кој имав прилика да соработувам. Јас сум само едно мало делче од тој огромен тим.
Зошто баш 70те – Како таа ера стана фокус на целата колекција?
Поради чувството на неприсилен гламур. Тоа било едно поинакво време во кое не постоеле модни стилисти. Секој сам водел грижа за својот изглед, a сите модни икони изгледале одлично. Фасцинирана сум колку нечиј личен стил може да биде интересен. Има нешто толку искрено и вистинско во личниот стил на еден човек и храброста која треба да ја имаш за да носиш што сакаш, на начинот на кој што сакаш. Многу ме восхитува таа смелост. Не смееме да заборавиме дека се што е шик и кул се враќа назад.
Дали можеш да го споредиш твојот стил сега со стилот пред 5 години?
Мојот стил е променлив и отсекогаш бил таков. Некои луѓе имаат карактеристичен стил, што многу ми се допаѓа. Како Solange - една од моите омилени жени, изведувачи и модни икони. Нејзиниот стил е кохезивен и препознатлив. Секогаш знаеш дека е она. Во последно време се почесто си размислувам - Во што ќе прерасне мојот стил? Затоа со Tommy Hilfiger одлучив да одам во насока на креирање на стилска униформа која можеш да ја искомбинираш во било кое расположение, а сепак да изгледаш гламурозно.
Како за тебе изгледа идеална вечер во петок?
Вообичаено не правам ништо посебно. Сакам порелаксирана атмосфера, па затоа најчесто избирам да уживам дома со моето кученце и помалечките внуки. Интересна ми е нивната енергија и често сакам да ги задевам. Тие се во некоја чудна тинејџерска возраст и не сметаат дека сум многу кул. На страна од тоа Хари Потер е секогаш одлична опција :).
Во однос на режимот за убавина кој го практикуваш - Кој е најдобриот совет за беспрекорен изглед?
Најдобриот совет кој што можам да го дадам на човек што носи шминка е: “Не спиј со неа!”. Треба да внимаваме на нашата кожа, а со тоа и нашиот целосен изглед.
Животот лесно станува стресен и работите знаат да се движат пребрзо - Дали имаш некои совети за ментално здравје или механизми за справување кои би сакала да ги споделиш со нас?
И јас пробувам да го откријам тоа за себе. Мислам дека еден добар механизам е да разговараш со луѓе, дури и со некој што не го познаваш толку добро. Помага кога ќе ги тргнеш од гради оние работи кои ти тежат.
Исто така ми помага да пишувам како се осеќам и да ги запишувам добрите работи кои ми се случуваат во животот. Интересно е колку лесно се забораваат.
И секако Хари Потер!