FAQ

Дали доставата се плаќа?

25.04.2020.

РЕДОВНА ДОСТАВА ДО АДРЕСА

  • Доставата до адреса е бесплатна за нарачки над 600 ден. 
  • За нарачки помали од 600 ден., доставата се наплаќа 150 ден.
  • Рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена.

ДОСТАВА ВО ИСТ ДЕН ЗА СКОПЈЕ

  • Достапна за нарачки направени до 16 часот во работни денови.
  • Важи за производи кои се достапни во Скопје и треба да се достават на адреса во Скопје.
  • Нарачката се доставува истиот ден кога е направена, до 20 часот. 
  • За нарачки над 7.000 ден. овој начин на достава е бесплатен, а за нарачки до 7.000 ден. цената е 250 ден.

ВАЖНО:

  • При подготовка, нарачаниот производ заедно со соодветните документи (фактура, упатство за употреба и гаранција за часовници) се пакуваат во картонска кутија за пратки, која се затвора со посебна MY:TIME самолеплива трака која обезбедува дека производот во текот на неговото патување нема да биде отворан. Откако пратката е комплетно подготвена од наша страна, истата се предава на куририте од службата за достава. Од оваа точка натаму, гаранцијата за безбедноста на пратката е самолепливата трака MY:TIME со која е затворена картонската кутија. Доколку производот пристигне со скината или одлепена самолеплива трака, те молиме во присуство на курирот за достава јави се во нашиот Контакт Центар на 15 150.
  • Пратката се враќа во MY:TIME во оној случај кога курирската служба нема да успее да стапи во контакт со вас при доставата. Откако пратката ќе биде вратена, ќе бидете исконтактирани за причината за неподигање на нарачката, со можност за повторен договор за испорака.
  • Со цел да се упрости и олесни процедурата за достава на производот, бидете достапни на телефон и обезбедете лице кое ќе биде присутно на адресата која сте ја навеле при online нарачката.

Остави коментар

Trenutno nema komentara