Потрошувачки приговор е секоја претставка или поплака со којашто потрошувачот пријавува повреда на правата што ги има врз основа на Законот за заштита на потрошувачите или на договор, кој го доставува до трговецот ВОЧ ИД ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: ,,MY:TIME”).
Постапка за потрошувачки приговори
Потрошувачот може да поднесе потрошувачки приговор на еден од следните начини:
Физичко доставување на производот кој е предмет на рекламација во некој од продажните објекти на MY:TIME или по пошта на адреса Булевар 8-ми Септември бр. 3/4-5 Скопје е задолжително.
Формуларот за приговор може да го преземете на следниот линк.
За поднесениот приговор, на потрошувачот ќе му биде издадена потврда за прием на приговорот.
При остварување на правото за приговор, а кое се однесува на рекламација на производ, потрошувачот е обврзан да достави фискална сметка или фактура за купување на производот заедно со производот кој го рекламира, а за производите за кои постојат и гарантни рокови и заверен гарантен лист издаден при купување на производот.
Доколку потрошувачот испрати формулар за приговор преку електронска пошта, должен е најдоцна следниот работен ден физички да го достави и производот кој го рекламира во некој од продажните објекти на MY:TIME или по пошта на адреса Булевар 8-ми Септември бр. 3/4-5 Скопје.
MY:TIME нема да биде во можност да одлучи за основаноста на наводите на потрошувачот наведени во формуларот, пред конкретниот производ да биде доставен до MY:TIME, од кога почнува да тече рокот за одговор и решавање на приговорот.
Производот кој се испраќа на рекламација преку пошта или преку доставна служба, мора да биде прописно спакуван во картонска амбалажа. Сите производи кои се доставени поради рекламација, а кои не се прописно спакувани и/или оние кај кои дошло до видливи механички оштетувања на самиот производ во текот на транспортот, нема да бидат преземени од страна на компанијата, туку ќе бидат вратени до испраќачот на негов трошок. MY:TIME не презема никаква одговорност за сите евентуални оштетувања на производот и амбалажата кои настануваат во текот на транспортот до или од адресата на потрошувачот.
Постапка за решавање на приговори
Секторот задолжен за приговори најдоцна во рок од 15 дена од од денот на приемот на приговорот, по писмен или електронски пат ќе му одговори на потрошувачот за барањето наведено во приговорот. Одговорот за рекламацијата содржи одлука дали изјавеното барање е прифатено, кратко образложение на донесената одлука и каде што е применливо, конкретен предлог и рок за решавање на приговорот, кој не може да биде подолг од 30 дена од приемот на приговорот од потрошувачот. Решавањето на приговорот согласно конкретно понудениот предлог ќе биде изврешно само врз основа на претходна согласност од потрошувачот.
Производ за коj приговорот не е прифатен, се враќа назад на потрошувачот на истиот начин на кој е доставен при започнување на постапката за приговор. MY:TIME не сноси одговорност за производите кои не се земени по истекот на 30 дена од денот на прием на одговорот за одбивање на приговорот.
Доколку MY:TIME од објективни причини, не е во можност да ги задоволи барањата на потрошувачот во наведениот рок, ќе го извести потрошувачот за продолжување на рокот за решавање на приговорот кој не може да биде подолг од 8 дена од првично предложениот рок за решавање на приговорот. Продолжувањето на рокот за решавање на приговорот ќе може да се изврши само еднаш.
Целата оваа постапка MY:TIME е должен да ја евидентира во евиденција за примање на приговори, а по барање на органите за надзор на пазарот ќе се достави извод од евиденцијата на потрошувачките приговори.
Кога во одредени случаи е потребна согласност од потрошувачот за начинот на решавање на приговорот, ненавременото давање на согласност ќе се смета за една од објективните причини поради кои MY:TIME нема да биде во можност да постапи согласно барањето на потрошувачот во законскиот рок.
Доколку во Формуларот се наведени неточни податоци за адресата или телефонскиот број и како резултат на тоа MY:TIME не е во можност да го информира потрошувачот за одговорот на приговорот или да ја заврши постапката во законскиот рок, тогаш се смета дека MY:TIME нема да сноси одговорност за ненавременото постапување по приговорот.