ЗАМЕНА НА РОБА / ВРАЌАЊЕ НА РОБА

Откако курирот ќе ви ја достави пратката, во негово присуство веднаш проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, побарајте не` на телефонскиот број  15 150  или испратете ни e-mail со своите податоци (име, презиме и телефон) на адресата contact@mytime.mk и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Контактирајте не` најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Во најкраток можен рок, нашиот оператор ќе ве извести за понатамошната постапка.


Производот можете да го вратите во рок од 15 дена од денот на направеното купување, а замена со друг производ можете да направите во рок од 30 дена од денот на направеното купување. Производот мора да бидe неоштетен и неупотребуван, запакуван во неговата оригинална амбалажа, придружен со сите оригинални документи кои сте ги добиле заедно со производот (фискална сметка/ фактура, гаранциски лист и др.). Така подготвен и запакуван, на сопствен трошок, можете да го вратите производот во MY:TIME на адреса: ДТУ ВОЧ ИД ДООЕЛ, Бул. 8-ми Септември бр.3, лам. 4, лок. 4, Скопје (при онлајн купување) или да го однесете во MY:TIME продажниот салон каде што е купен.
По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен или користен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.


Враќање на средства на купувачот, без оглед на причината за враќање, online продавницата MY:TIME има обврска да го изврши исклучиво на трансакциската сметка која гласи на име на нарачателот, односно, корисникот на картичката со која било извршено плаќањето , односно на лицето на чие име била изготвена фактурата.