Секој член на MY:TIME Club освен со попусти, се стекнува и со поени при секое купување – 1 поен за секои потрошени 10 денари.
Овие поени може да се искористат за купување на беџ за еднократен попуст. Во продолжение прочитај како да го искористиш овој беџ онлајн.
- Логирај се на твојот профил со внесување на меил адреса и лозинка. Подетални информации за како да се логираш може да најдеш тука.
- По логирањето, кликни на копчето со твоето име во горниот десен агол за да влезеш во твојот кориснички профил.
- Кликни на копчето “MY:TIME Club” како што покажува стрелката на сликата.
- Во табот “MY:TIME Club” можеш да видиш колку поени имаш собрано, како и да го провериш твоето моментално ниво на членство во клубот и какви беџови имаш на располагање.
- Доколку имаш доволен број на поени, беџовите автоматски ќе ти бидат прикажани во делот БЕЏОВИ од ПОДАРОЦИ / БЕЏОВИ како на сликата погоре.
- За да искористиш еднократен беџ за попуст, треба да го внесеш КОДОТ ЗА ПОПУСТ (според примерот од сликата подолу, кодот кој треба да биде внесен е: BEDZ15) во...
- ... во полето ИМАШ ПРОМО КОД? ИСКОРИСТИ ГО И ЗАШТЕДИ во твојата кошничка, односно:
- По внесување на кодот, треба да кликнеш ИСКОРИСТИ ПОПУСТ и да видиш дека процентот на попуст ќе се промени во пресметката, како на сликата подолу.
Среќно искористување на беџови за попуст!
*По искористување на беџ, бројот на поени што одговараат на тој беџ ќе се одземат од вкупните поени со кои располагаш.